Факти за жените во Македонија: Живеат четири години подолго од мажот, а еве како го поминуваат денот

Денес 8 Март е Меѓународниот ден на жената, а ќе биде одбележан и во Македонија со низа манифестации.

Статистичките податоци говорат дека 49,9 проценти од населението во Македонија се жени и дека тие живеат четири години подолго од мажот, а просечниот живот им е 77,4 години.

Во однос на мажите поголем е и бројот на дипломирани жени, односно 58 проценти или 4.787. како и бројот на жени магистри односно 58,9 проценти или нивниот број изнесува 1.107. Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на жени доктори на науки изнесува 111.

Од вкупно вработените жени 94,3 проценти се пријавени на цело работно време, а 74,8 отсто или 283.834 жени работат во приватен сектор.

Најчести женски имиња во минатата година биле Јана и Сара, а жените во Македонија одлучувале да родат едно или две деца.

Жената 16 проценти од своето време го троши на чистење на домот, на слободни активности 15 проценти вработените жени, а невработените 21 процент. Еден час и 50 минути остануваат пред телевизор, еден час и 57 минути се посветени на згрижување на децата, еден час и 41 минути на миленици, доколку ги имаат. За забава и култура жените во урбаните средини одвојуваат два часа и 16 минути, додека жените од руралните средини еден час и 13 минути.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.