(ФОТО) 74-годишна баба ја покажала елката и станала ХИТ: Во украсите се криело нешто чудно, а внуката ја открила

Новогодишната елка на една баба од Ирска станала хит на Интернет, откако нејзината внука објавила фотографии од украсите кои бабата ги поставила на елката.

Алекс на својата баба и помогнала да ја накити елката и сфатила каква грешка таа направила.

Во украсите всушност се криеле виолетови танги.

“Мојата баба која има 74 години купила украсни кугли, а кога ја китевме елката сфатив дека внатре всушност има танги”, напишала девојката на Твитер.

Одговорот на нејзината баба кога ја открила вистината е подеднакво смешен.

“Човекот во продавницата мора да мислел дека сум невина кога купив 6 парчиња”

Луѓето кои го коментирале нејзиниот пост на Твитер, се пошегувале, дека бабата точно знаела што купила.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.