(ФОТО) СЕ ПОЈАВИЈА ДОКУМЕНТИ КОИ ГО ОТКРИВААТ ВИСТИНСКИОТ ТИТО: Конечно е јасно кој ја водел Југославија !

tito-rankovic-dokument-1495126357-1187605

Марјан Џон Маркул на 20 април 1955 година влегол во канцеларијата на ФБИ во Лос Анџелес и кажал шокантни работи. Човекот кој тогаш се претставувал како Јосип Броз Тито исчезнал во Русија во 1937 година.

Тоа стои во забелешките на ФБИ од почетокот на мај 1955 година. Тајните документи на ФБИ од 50-тите години од неодамна се достапни за јавноста.

Марјан Маркул е роден 1909 година, во САД се преселил во 1936 година, а државјанство добил во 1944 година, бидејќи две години за време на Втора светска војна служел во американската војска.

Во извештајот пишува дека не е сигурно колку се точни информациите, но се наведуваат и неговите тврдења дека е тој социјалист кој сака да сподели информации кои може да се важни за безбедноста на САД.

Во документите од состанокот на агентот на ФБИ и Маркул стои дека Маркул ја посетил Југославија 1953 година и дека два пати се состанал со Тито. Првиот состанок траел околу еден час, а тој во една прилика забележал дека маршалот има по пет прсти на рацете.

Маркул тврди дека вистинскиот Тито го изгубил средниот прст од левата рака. Тој рекол дека Тито со кој зборувал во 1953 година бил образован и одлично свирел клавир. Од друга страна, вистинскиот Тито бил необразован, и колку што знаел Маркул, не знаел да свири на клавир.

Меѓу другото, Маркул тврдел дека Јосип Броз бил висок околу 180 центиметри, додека овој “лажниот” бил висок едвај 160. Маркул исто така рекол дека човекот со кој се состанал во 1950-тите  и кој се претставувал како Тито, имал благ руски нагласок и дека зборувал мирно. Додека вистинскиот Тито говорел брзо и остро.

tito-1409952513-563033

Ф.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.