(ФОТО) РИБАР ЗА ПОЧИТ: Игор уловил сом од 125 килограми

Игор Јоциќ и Младен Живановиќ уловиле вистинско речно чудовиште од Дунав, сом долг 2.2 метри и тежок 125 килограми.

Како што вели Игор, огромната риба ја уловил на 30 декември околку 10 часот, но со помош на неговиот колега.

– Никогаш не сум уловил вакво нешто. Кога го довлеков сомот близу до брегот и кога видов колку е голем, сфатив дека нема да можам сам да се справам со него. Му ја препуштив јадицата на Младен кој влезе во чамецот и ја продолжи борбата – вели Јоциќ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.