ФОТО: Познатиот балкански спортист на неверојатен начин ги исмеа судиите од мечот Словенија- Германија

Јаков Фак е познат биатлонец кој е роден во Хрватска, но од 2012 година настапува под знамето на Словенија и има навистина многу фанови и во својата „втора татковина“.

Како и најголемиот дел од словенечката спортска јавност, Фак не можеше да го премолчи она што се случуваше на дуелот меѓу Словенија и Германија на ракометното ЕП. Што мисли за литванските судии едноставно илустрираше со една фотографија објавена на Фејсбук, a со неа го исмеа моментот кога судиите ја прегледуваа спорната ситуација.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.