(ФОТО) Ова бебе израсна во најголемиот монструм во историјата на човештвото: Можете ли да претпоставите за кој се работи ?

Bundesarchiv_Bild_183-1989-0322-506_Adolf_Hitler_Kinderbild

Ова бебе е родено во австриското градче Браунау на 20 април 1889 година, како четврто од вкупно шесте деца на царинскиот чиновник Аљоз Хитлер и неговата жена Клара.

Сега веќе знаете за кого станува збор. Од сите деца преживеале само Адолф и неговата сестра Паула. Аљоз бил вонбрачен син на Ана Марија Шиклгрубер, а на свои 40 години го променил презимето во Хитлер, што значи “ситен сопственик”.

Клара била третата жена на Аљоз, која уште од 1876 година на свои 16 години започнала да работи како слугинка во домаќинството на Аљоз.

Семејниот живот на семејството Хитлер не бил исполнет со хармонија и среќа. Имено, Аљоз се трудел, својот голем статус кој го има на работа, да го пренесе и дома. Следствено на тоа, тој се трудел да биде заповеднички настроен кон жената и децата.

Adolf-Hitler

Адолф постојано го трпел суровиот однос на татко му. Клара се обидувала да го заштити од тепање. Фактот дека Адолф ја сакал својата мајка повеќе од неговиот татко е неговиот исказ во книгата “Моја борба” : “Го почитував татко ми, но ја сакав мајка ми”.

Се смета дека Клара била единствената личност што ја сакал Адолф во неговиот живот, па тоа многу влијаело во формирањето на неговиот карактер.

Tajne-fotografije-Adolfa-Hitlera-4

Ф.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.