Натпреварот помеѓу Фиорентина и Бенвенто во рамки на Серија А започна пред малку на стадионот „Артемио Франки“.
„Астори, засекогаш капитен“, порача Фиорентина со транспарент поставен на фудбалскиот терен непосредно пред мечот, а неговите соиграчи на загревање истрчаа во дресот со број „13“, кој го носеше Давиде Астори.
— ForzaItalianFootball ?1️⃣3️⃣? (@SerieAFFC) March 11, 2018
Атмосферата во Фиренца очекувано беше тмурна и тажна поради прераната смрт на капитенот Давиде Астори. Со огромен број транспаренти на трибините, навачите се простија од нивниот омилен фудбалер. Минутата молчење во негова чест се чинеше како цела вечност, а навивачите не можеа да ги сопрат солзите.
„Човек кој никогаш не умира… приказна која трае вечно… среќен пат, капитене!“, пишуваше на еден од транспарентите на „Артемио Франки“.
#DA13?⚜️ pic.twitter.com/WxaliIDtDu
— ACF Fiorentina (@acffiorentina) March 11, 2018