(ФОТО): ”Живa душа немаше, освен овие специјални гости кои се гоштеваа?!”

Специјални гости на вчерашната втора Новогодишна вечер на прилепскиот плоштад беа глутници кучиња кои се гоштеваа со остатоци од храна.

Наоколу немаше жива душа, градот наликуваше на град на духови. Празни и затворени локали, тек тук по некоја музика и тек тук по некој случаен минувач.

Ваква слика во градот под “Марковите Кули” не е видена можеби никогаш кога во прашање се Новогодишните празнувања.

Првата Новогодишна ноќ и прославата на централниот плоштад “Методија Андонов – Ченто” помина исто така незабележано.

Секоја чест на реномето на Блага Петреска и Белинда, но ова беше најсиромашната прослава, каква што прилепчани не заслужуваат. Новата локална власт и министерот Сугарески кој беше присутен, треба да знаат дека во градот живеат луѓе кои не можат да си дозволат да прославуваат во елитните за нив достапни ресторани и кафулиња.

Затоа тие и нивните деца заслужуваат многу подобра забава и програма. Кога сето е “ради реда” се случува следното. На плоштад присутни беа само две-три стотини граѓани, за разлика од претходните години кога тука се собираа и по неколку илјади прилепчани.

Единствено што можеше во ваква ситуација да направи министерот можеби беше јавно да изјави кога ќе продолжи изградбата и кога ќе биде завршен експресниот пат Прилеп – Градско и до каде се со исправање на трасата, која според него беше “погрешена”.

Штета што новата локална власт си изработи и нова веб страна, па не може да се види како изгледаа прославите во изминатите години, бидејќи целата архива е избришана, исто како општината да не постоела пред доаѓањето на Илија Јованоски за градоначаник.

Дванаесетте претходни години во кои Прилеп се развиваше и градеше, години во кои од едно големо село заличи на европски град, сега се скриени, можеби поради срамот кој го чувствуваат дека нема да направат ништо слично во наредните 4 години.

Се надеваме дека барем ќе се одржи ветувањето за изградбата на Центар за деца со церебрална парализа, нешто што беше ветено пред изготвувањето на Новогодишната програма.

За среќа зачувавме неколку фотографии, па вие направете споредба.

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.