Измина уште едно издание на карневалот “Прочка” во Прилеп, до душа побледо и далеку помалкубројно од претходните.
На градскиот плоштад во Прилеп, продефилираа голем број маскирани, како поединечни, така и групни маски. Прилеп живее за овој ден, а на празникот и карневалот секогаш се радуваат од најмладо до најстаро.
На карневалот беше присутен и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески кој ја следеше програмата во друштво со своите сопартијци и градоначалникот Јованоски.
На една од фотографиите Сугарески е “фатен” како занесено гледа во мечкарите, а тие пред него ја играат својата игра.
Дали министерот посигна по ќесето и плати некој денар за секогаш беспрекорните прилепски мечкари, засега не знаеме…