Во скриена соба во една куќа недалеку од Буенос Аирес полицијата пронашла колекција на нацистички артефакти, веројатно најголемата досега пронајдена во Аргентина. Меѓу пронајдените предмети има и елегантни кутии со свастики, па дури и медицински инструменти.
Околу 75 предмети се пронајдени во Бекар во предградието на аргентинската престолнина, а надлежните веруваат дека тие припаѓале на нацисти од повисок ранг, кои во Јужна Америка пронашле засолниште по бегството од Германија по завршувањето на Втората светска војна.
-Прелиминарната истрага покажа дека станува збор за оригинални дела, изјави министерката за безбедност, додавајќи дека пронајдени се и многу стари фотографии на кои се појавува и Хитлер.
Меѓу предметите има и статуа на нацистичкиот орел над свастика, но и биста од Фирерот.
Полицијата се обидува да дознае кому му припаѓале овие предмети.
Имаќи ги предвид и тврдењата на некои историчари дека гробот на Хитлер е пронајден во Аргентина, прашање е дали тој се самоубил во бункерот, како што и е познато на јавноста.