Германскиот овчар, Гавел бил регрутиран во полицијата додека бил мало кутре, но потоа „добил“ отказ.
За жал, Гавел не успеал да ги исполни критериумите на полицијата, односно не се покажал способен за таков живот.
Проблемот бил во тоа што Гавел бил премногу друштвен. Обожувал да се запознава со странци, па попрво би си играл со нив, отколку да ги апси.
По неколкуте месеци неуспешен тренинг, Гавел морал да добие отказ. Но, тоа не е крај на неговата кариера. Нему му е понудена нова работа, во куќата на гувернерот на Квинсленд каде што ќе ја поседува титулата Vice-regal Dog.