ФОТО ГАЛЕРИЈА: “Повторно протест на ЕУРОКОМПОЗИТ, преименувајте го во ЕВРОПЛАТА – Повик до Сугарески, Анѓушев и Заев?!”

Околу 260 вработени во прилепскиот загубар 11 Октомври Еурокомпозит вчера започнаа со штрајк.

Вработените си ги бараат повеќе од 14 неисплатени плати, неплатените придонеси од месец јули 2012 година и ветената плата за 2018 година, од која добиле само по 5000 денари линеарно.

Претседателот на Синдикатот на компанијата Богданоски, вчера истакна дека работниците го бараат она што им било ветено на последниот состанок со премиерот Заев.

Тој им ветил дека состојбата во компанијата ќе се реши пред Нова година, но неговите зборови се покажале како лажни.

Заглавени во беспарица, без услови за работа, но и притисоци, за овие прилепчани нема друг излез, освен секојдневно со блокирање на крстосници и патишта, да се борат за својата и егзистенцијата на своите семејства.

Денеска штрајкот продолжи во центарот на градот, каде вработените ја блокираа крстосницата пред општинската зграда, а потоа се упатија пред општинската организација на СДСМ Прилеп.

Според информациите штрајкот продолжува и во наредните денови, а не се исклучува можноста и за одржување на протест пред Владата во Скопје.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.