Припадници на АРМ од ренџерскиот баталјон од составот на полкот за специјални операции учествуваат на вежбата „Заеднички предизвик 2017 (Common Challenge 17) во Црна Гора.
– Ренџерите во изминатите денови во континуитет ги покажуваат своите способности во совладување на тешко пристапен терен на полигонот за обука „Липово“, информира Канцеларијата за односи за јавност на Генералштабот на АРМ.
Користење опрема за јазење, тактичко движење на патека за качување, борбено обезбедување, спасување повредени во тешки услови и користење хеликоптери за евакуација на повредени се дел од активностите кои ренџерите на АРМ ги изведуваат заедно со припадниците на 24. планински баталјон на вооружените сили на Австрија и припадниците на војската на Црна Гора.