(ФОТО+ВИДЕО) Славната планина крие тајна соба во која никој не смее да влезе

Планината Рашмор е монументална гранитна скулптура која ја креирал Гатзон Борглум, а прикажува 18 метри долги скулптури од главите на поранешните претседатели на САД.

Се наоѓа во близина на Кејстон во Јужна Дакота, а опфаќа површина од 5.17 квадратни километри. Од лево на десно, на неа се прикажани Џорџ Вашингтон, Томас Џеферсон, Теодор Рузвелт и Абрахам Линколн.

Иако изгледа величенствено, ретко кој знае дека оваа скулптура крие голема тајна. Имено, зад изрезбаната глава на Абрахам Линколн се наоѓа тајна одаја, која скулпторот Борглум очигледно внимателно и плански ја испланирал.

Иако првично планирал да направи поголема слика која ќе прикажува историски моменти од САД, на крајот поради разни ограничувања сфатил дека најдобро е да ги направи само главите на претседателите. Но, владата на САД му дозволила и работа на посебен проект – креирање на тајна соба.

Во таа скриена соба, скулпторот сакал да им остави порака на идните генерации – како еден вид на трезор кој ќе биде отворен за неколку илјади години и ќе ѝ овозможи на некоја друга цивилизација да дознае сè за нас, особено кога ние повеќе нема да бидеме тука.

Иако скулпторот починал пред да го заврши проектот, тој бил повторно започнат во 1990 година и била завршена работата на тајната соба, а внатре наводно се наоѓаат плочи на кои е напишана историјата на САД, Декларацијата за независност, Повелбата за човекови права и биографијата на самиот скулптор, а сè се чува во трезор изграден од титаниум.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.