(ФОТО+ВИДЕО) Потопените Поројци го чекаат Заев за помош: Големи поплави во тетовско!

18815876_10211417299579655_388268114_n

Страшно невреме предизвика голема поплава во село Порој во општина Теарце. Ситиацијата на терен е алармантна, а граѓаните очекуваат помош од новиот Премиер на државата Зоран Заев.

Ова не е прв случај вакви големи поплави да ги зафатат населените места околу Тетово. Последната катастрофална поплава која го зафати Порој, Шипковица и Голема и Мала Речица, беше во август 2015 година, кога за несреќа одзеде 6 жртви и имаше многу повредени и евакуирани граѓани.

Тогашниот премиер на државата Никола Груевски експресно ги посети жителите на тетовско, а максимално беа активирани сите служби и припадниците на Армијата на Република Македонија.

Груевски тогаш директно од терен се информираше од граѓаните и  пружаше секаква помош, со цел да се овозможи чиста вода за жителите на овие села и да се врати животот во нормала.

Сега граѓаните повторно бараат помош и го очекуваат новоизбраниот Премиер Зоран Заев.

 

А.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.