Ангелскиот водопад е највисокиот водопад во светот со висина од 979 метри, а слободен пад на водата од 807 метри. Се наоѓа на малата река Чурун, притока на Карона, во Националниот парк Канајма во Венецуела.
Локалниот назив за планината од која тече водопадот е “Auyan Tepui” или Ѓаволска планина, а врвот на водопадот е наречен “Ѓаволска уста”.
Висината на водопадот е толку голема што водата се претвора во магла пред да падне на земјата. Националниот парк Канајма во 1994 година е запишан на листата на светски природни чуда.
Водопадите за прв пат се откриени 1933 година од американскиот авијатичар Џими Енџел.
Ф.Г.