“ФК “Победа” останува сираче, Општина Прилеп и откажа љубов, а и ветуваа европска перспектива?!”

(Фејсбук статус на Фудбалскиот Клуб Победа)

“Очигледно сме јаки само на збор и на пишување по ФБ..”печатите вратени”!!!
Во текот на нареднава недела,претседателот ќе има пресконференција на која ќе биде јавноста информирана за наредните чекори во клубот.

Во моментов сме фокусирани на подготовките за наредната полусезона и на креирањето на ростер кој достојно ќе го претставува клубот во ПМФЛ. До моментов, ниту еден играч не го напуштил клубот. Се останато е во рамки на шпекулација!

Ако има заинтересиран инвеститор или спонзор, да се јави на официјалните лица на клубот.

Општината се одкажува од помагање на клубот и несака да ги исплати ни оние средства кои претходно беа ветени,изгласани на совет и врз кои го направивме буџетот за оваа сезона, со што ни направи огромна финансиска дупка, која на крај може да се покаже и како фатална за клубот. Тоа е единствен факт кој до моментов е реалност.

Но, и покрај тоа,ќе продолжиме да се бориме во ова “невреме” и не оставаме лесно да пропадне се што сме граделе изминативе неколку години!

Ве замолуваме, ако неможете да помогнете, немојте да ни одмагате!!!

Спортски поздрав, ФК Победа!”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.