Португалецот Кристијано Роналдо е прогласен за најдобар играч на светот повторно и во 2017 година, откако вечерва ја доби наградата „ФИФА Бест“, која ја доделува Светската фудбалска федерација (ФИФА) заедно со навивачите и новинарите, во гласањето кое го спреоведе во изминативе неколку месеци. За најдобар голман е прогласен 39 годишната легенда на светскиот и италијанскиот фудбал, голманот на Јувентус Џанлуиџи Буфон.
Роналдо покажа дека две години е без конкуренција откако ја одбрани наградата освоена и лани, а за годинешната очекувано ја доби поради освојувањето на европската титула со Реал Мадрид, како и шпанското првнство. Роналдо даде два гола во финалето за Реал Мадрид да напише историја и по 27 години да стане прв клуб што одбранил еден трофеј во Лигата на шампионите.
Роналдо вечерва во битката за наградата најдобар светски фудбалер за оваа година ја доби пред својот прв конкурент Меси и најскапиот светски фудбалер Нејмар, кој летово за 222 милиони евра премина од Барселона во Пари Сен Жермен.
Во другите категории, добитници на награди се:
Зинедин Зидан е најдобар тренер во 2017 година
Џанлуиџи Буфон е најдобар голман за 2017 година
Навивачите на Селтик ја добија наградата за најдобри навивачи за оваа година
Сарина Вигман, селекторката на Холандија е најдобар женски тренер за 2017
Франсис Коне е добитник на наградата за гер-плеј за 2017 година
Оливие Жиру за гол на годината – награда „Ференц Пушкаш“
Вике Мартенс од Холандија е најдобра фудбалерка за 2017 година