ФЕНИ ОДИ ВО СТЕЧАЈ: Речиси илјада вработени на улица, кавадарчани исплашени за иднината на градот!

Вработените во металуршкиот гигант „Фени“ во паника дека ќе ги изгубат своите работни места. Повеќе од триесет дена Фени работи на одржлив минимум, присуство на извршители според информациите  имало  секој ден а веќе се почнало со мерење со геометри со кое се врши мерење и обележување на земјиштето, пишува порталот Економски.мк.

Царинска управа им ги одзела одобренијата за увоз и извоз на „Фени Индустри“. Оваа ситуација е алармантна ако се земе фактот дека сметката на банката е блокирана и компанијата нема покритие за банкарската гаранција која служи како доказ дека има начин да се платат давачките. Вработените се скептични и исплашени  бидејќи за да се извадат повторно овие одобренија потенцираат дека треба многу време и процедурата е многу долга.

Макфакс пренесува дека вработените немаат голема надеж  дека „Фени“ ќе почне повторно да извезува и увезува. Инаку, од царинска Управа потврдуваат дека дел од одобренијата за увоз се одземени но тие тврдат дека не на „Фени“ туку на фирмата „Нова Логистик“ која го врши транспортот за комбинатот.

Имено неофицијално се дознава дека дел од вработените во „Фени“ почнале да си бараат нова работа а други веќе си дале оставки.

Исто така вработените прашуваат зошто во изминатиот период немало никакви инвестиции и бараат одговорност за како што викаат раскрчмувањето на компанијата и испумпувањето на капиталот преку фирмите ќерки на „Фени“. Додатно се кажува дека „Нова Логистик“ е фирма која се грижи за транспортот на „Фени“ но дека се ангажирале надворешни транспортери кои секогаш биле поскапи.

Вработените се сомневаат дека затворањето на „Фени“ се планирало и дека не било случајност. Тие изјавуваат дека менаџментот ја користи власта како параван за да ги изнесува парите од компанијата.

Инаку актуелниот вицепремиер  Кочо Анѓушев е сопственик на компанијата ЕДС која го снабдува „Фени“со електрична енергија. Јавноста се сомнева дека „Фени’ намерно се уништува за непријателски да се превеземе од стана на луѓе блиски на актулениот премиер Зоран Заев.

Доколку „Фени“ отиде во стечај македонската економија ќе доживее намалување и голем удар затоа што „Фени“ учествува со голем дел во градењето на БДП на Република Македонија.

Голем дел од граѓаните ќе останат без работа а локалните шпедиции ќе треба да стават клуч на врата. „Фени Индустри“ има и директни и индиректни ефекти врз економијата од кои има бенефит и државата и граѓаните. Директно 850 луѓе би останале без работа додека околу 4.000 индиректно би биле погодени од згаснувањето на овој кавадаречки гигант.

Владата на Зоран Заев на чело со Кочо Анѓушев ветуваше дека „Фени“ нема да се затвори но фактите зборуваат нешто друго . Прашање дали владата на СДСМ планира непријателско превземање со цел луѓе блиски до владата на СДСМ да го превземаат.

Извор: infomax.mk




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.