Ученици јунаци: Од училиште до дома одат на -30 степени, ниту ветерот од 108 километри на час не им може ништо (ВИДЕО)

Русија е позната по ниските температури кои секоја зима ги има во оваа земја, но позната е исто така и по Русите кои тие температури ги користат да прават луди работи.

Оваа приказна сепак не е баш за некои луди работи, туку доказ дека желбата за образование може да направи се.

Крајот на училишниот ден во руската североисточна република Сака го обележа почетокот на голема почетокот на големата снежна бура која ги пратеше децата на патот до дома.

Локален блогер објави видео од овој неверојатен марш на својот Твитер профил.

Зафатени од ладниот ветар и снегот, децата скоро и да не одат туку цело време се во опасност од превртување, додека се влечат еден со друг по патот.

Локалниот метеоролошки извештај тврди дека ветровите достигнале брзина од 108 километи на час и дека живата на термометарот се спуштила до минус 30 степени целзиусови.

За среќа на учениците, поради оваа временска непогода, часовите денеска биле откажани.

Погледнете го видеото:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.