Густа редица утрово пред НЛБ Тутунска Банка во Прилеп. Стигнаа ли ветените плус 30 денари на име субвенции за килограм предаден тутун?!
Неофицијално вчера дознавме дека владата на СДСМ ќе исплати плус плус 30 денари субвенции за килограм предаден тутун, нешто што би претставувало одличен стимул за сите тутунопроизводители и би значело премногу за новата производствена реколта.
Дали ветувањето на првите луѓе на СДСМ во предизборната кампања и на прилепскиот пратеник Хари Локвенец за дополнителна поддршка на земјоделците тутунари и поделба на тутунопроизводството на 3 класи ќе се исполни?
Тутунарите или вкупно 40.000 семејства во Македонија кои се занимаваат со тутунопроизводство субвенциите за минатогодишната реколта ги добија со закаснување од еден месец. Исплатата започна во средата, а секој ден недогледни редици чекаат пред НЛБ Тутунска Банка во Прилеп.