Утре дожд и можна појава на невреме

Утре нашето подрачје ќе потпадне под влијание на влажна и нестабилна водушна маса, што ќе предизвика променливо обласчно и нестабилно време со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен југозападен ветер, информираат од УХМР.

 

dozd-1

Локално процесите ќе бидат поинтензивни, со можност за појава на невреме. Пообилни врнежи се очекуваат во источните и крајните северозападни делови од земјава.

Од понеделник, информираат од УХМР, времето ќе биде променливо, посвежо и ветровито.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.