Видеото е од Лонг Ајленд на Бахамите, а она што може да се види е сериозноста и моќноста на ураганот Ирма, кој ги опустоши Бахамите, Куба и Карипскиот регион.
“Нема повеќе океан, водата е повлечена далеку до каде допира погледот”, напиша на својот фејсбук профил Кели Џонсон која го сподели видеото.
Ураганот е на пат за Флорида и се очекува во секој момент да ја погоди и оваа сојузна американска држава.
А/Г/