Улицата „Егејска“ ќе добие нов тротоар

_MG_3394

Градоначалникот Марјан Ристески зедно со Љупчо Митрески раководител на патна инфраструктура во општина Прилеп денеска направија увид на градежните работи на улицата „Егејска“.

_MG_3397

„Во завршна фаза е тротоарот на делницата од улицата „Кузман Јосифоски“ па се до улицата на крстосницата „Ладо Лапецо“, во меѓувреме се завршија тротоарните површини на улиците во населбата Варош, на улицата „Браќа Миладиновци“ во населбата Точила како и  улицата „Ладо Лапецо“, посочи Љупчо Митрески раководител на патна инфраструктура во општина Прилеп.

Интензивно ќе се работи на поставување на бекатон плочки и на наредниве улици.

_MG_3403

„Продолжуваме со реализација и на други тротоарни површини како што е улицата „Александар Македонски“, улицата „Ѓорги Димитров“, „Димо Нареднико“, просторот кај зградите во населбата Бончејца и се разбира на повеќето фреквентни улици во градот по барање на жителите од урбаниве заедници“, посочи градоначалникот Марјан Ристески.

_MG_3372

Со поставувањето на бехатон плочки и средувањето на тротоарите на овие фреквентни сообраќајници значително ќе се олесни движењето на пешаците.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.