Сектор за внатрешни работи Струмица поднесе известување против 17-годишно лице од село Ангелци, струмичко, за сторено кривично дело „одземање на моторно возило“.
На 14.01.2018 година во Струмица на улица „Вера Циривири“, пријавениот одзел моторно возило „Југо Корал“, сопственост на Ј.Ш.
Откако настанот бил пријавен во Полициска станица Струмица, полициски службеници, го забележале возилото пред маркет при што му сигнализирале да застане, но пријавениот, со голема брзина продолжил да се движи по регионалниот пат кон Валандово, и пред село Раброво бил сопрен од полициска патрола.