Убиството на неговата помала сестра било предупредување: Сите мислеле дека е само чистачка, се додека Бојку не дошол по нејзиното тело

Контроверзниот некрунисан крал на проституцијата на Балканот, Дилавер Леку Бојку, пред околу 3 недели беше убиен во Струга, а според последните пишувања на медиумите од регионот, постои можност неговата ликвидација да е поврзана со едно убиство во Белград, кое се случило пред околу 20 години.

Веќе се споменуваше дека неговото убиство е поради крвна одмазда, а, како што сега тврдат српските медиуми, заканата до него стигнала многу порано, поточно пред околу 2 децении кога во центарот на Белград била убиена неговата помала сестра, која работела како чистачка.

– Лија беше убиена кога се симнувала од автобус на пат кон дома. Тоа се случи 1998 година, а таа беше застрелана со пушка од мало растојание – раскажал соговорникот, поранешен полициски инпектор, кој учествувал во истрагата на тоа убиство, за Курир.рс.

Прво на истражителите им било нејасно зошто некој би убил млада жена и примерен граѓанин што се враќал од работа.

– Детално го прегледавме теренот и околината каде што беше убиена, сѐ беше чисто. Но за кратко време од слична пушка беше пукано од автомобил во движење исто така во Белград. Тогаш сфативме дека има нешто повеќе од овој случај – додал изворот кој инсистирал да остане анонимен.

За неколку дена се појавил Дилавер Бојку, кој со својот брат стигнал од Македонија и отишол по нејзините останки.

– Во тоа време заради преслабата размена на информации, во Србија воопшто не ни беше познато кој е точно Дилавер Бојку и со што се занимава. Потоа дознавме дека нејзиното семејство уште пред таа да се омажи и да се пресели во Белград се откажало од неа бидејќи стапила во брак со човек кој тие не го одобриле и кој не е од нивната националност.

Лија имала хармоничен брак во Белград и немала проблеми со својот избраник.

– Иако сопругот не им се доапаѓал, тоа не било причина некој да ја застрела Лија. Ако сакале да го спречат бракот, тоа можеле да го направат многу порано. Не би чекале тие да добијат дете. Сепак, она што боде очи е дека куршумите кои ѝ пресудиле на Лија можеби биле предупредување за Бојку или некој со тој чин скал да му прати порака. Ова особено треба да се земе предвид ако се знае како функционира системот на крвна одмазда – завршил изворот.

И покрај истрагата, која тра цели 19 години, убиството на Лија сѐ уште не е расветлено.

Извор: пресс24




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.