УХМР со вонредна прогноза за продолжениот викенд

Утре ќе биде претежно сончево, утрото студено, а во текот на денот со слаб до умерен југозападен ветер.

Во сабота облачноста ќе се зголемува и ќе дува засилен јужен ветер. Попладне на запад ќе започнат врнежи од дожд, а на планините од снег.

Преку ноќта кон недела врнежите ќе се прошират во поголемиот дел од земјава. Пообилни врнежи се очекуваат во западните делови.

Во недела наутро се уште ќе има локални врнежи од дожд, а во подрачјата повисоки од 700 метри надморска висина врнежите ќе поминуваат во снег (во северните делови можно е снежната граница да биде и пониска).

Врнежите во недела нема да бидат обилни, а попладне облачноста ќе се намали

Од понеделник се очекува повторно зголемување на облачноста проследено со повремени локални врнежи од дожд, информира УХМР.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.