УДАРНА ВЕСТ – ЈАПОНИЈА ПРЕД НОВА КАТАСТРОФА: Експертите предвидуваат “мегаземјотрес”

Земјотреси со јачина од 4,9 до 5,7 степени по Рихтер ја потресоа Јапонија синоќа, а јапонските експерти предупредуваат за можноста од “мегаземјотрес” во наредните години, како оној од 2011 година, кој предизвика и катастрофа во нуклеарната централа Фукушима.

Јапонската влада предупреди дека таков “мегаземјотрес” би можел да го погоди северниот регион во наредните години, а неговиот епицентар би можел да биде најсеверниот јапонски остров Хокаидо. Овој земјотрес би предизвикал и огромно цунами.

Според предвидувањата на јапонскиот Комитет за истражување на земјотреси, тој потрес би можел да биде со јачина до 8,6 степени по Рихтерова скала.

Ф.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.