Турската војска и до нив лојалните џихадисти ја зазедоа вчера планината Бурсаја и селото Кстал Џандал на северо-источниот регион во Сирија, Африн, пренесува турската агенција Анадолу.
За време на овие борби убиени се поголем број припадници на курдскиот ЈПГ, додека двајца борци биле заробени.
Турските медиуми објавија поголем број снимки од овој поход на нивната армија.
Планината Бурсаја е важна стратешка добивка за Турците и им овозможува полесно напредување кон градот Шаранлиј, вториот најголем град во Африн.
Освен тоа, според тврдењата на турската агенција, протурските џихадисти одбиле напад на курдските сили на позициите во близина на градот Маре, на југоистокот од Африн.