Фудбалерите на Победа продолжуваат со завршните подготовки пред стартот на новата сезона. Екипата претпладне го одржа првиот од двата планирани тренинзи за денес.
До првиот првенствен натпревар со Пелистер на 13-ти септември во Прилеп, закажани се 3 контролни натпревари, преку кои Стручниот штаб ќе го искристализира тимот со кој ќе се влезе во новата сезона и Пелагониското дерби.
Во недела на 30-ти јули, со почеток од 17 часот, на стадионот на “Могила”, договорен е тест натпревар со второлигашот Беласица.
Во четврток пак, на 3-ти август во Прилеп ќе гостува Осогово од Кочани, а генералката е закажана за во недела на 6-ти септември, со почеток од 17 часот, кога на стадионот на “Могила” ќе гостува тимот на Кит-Го од Пехчево.