Трамп ја менува историјата – еве на каков потег се одлучи

1478617363-4677-donald-trampgg

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе направи пресврт во потезите од претходната администрација во врска со обновените односи меѓу Соединетите Американски Држави и Куба.

Како што истакна, станува збор за „ужасниот“ договор кој доведе до тоа американските инвестиции и патувања да го погодат „репресивниот“ режим на Раул Кастро, пишуваат западните медиуми.

-Потполно го поништувам едностраниот договор на претходната администрација со Куба и тоа веднаш стапува во сила, порача Трамп. Рестрикциите се однесуваат на регулативите во областа на трговијата и патувањата, пренесува АП.

-Ќе бараме многу подобро решение за кубанскиот народ и за САД, рече Трамп.

Американскиот претседател својата одлука ја објави во Мајами каде што живее бројна кубанска дијаспора, истакнувајќи дека Куба добила премногу отстапки од САД во договорот со администрацијата на Барак Обама, додавајќи дека сега завршиле тие денови.

Трамп го осуди шестдецениското патање на Кубанците и рече дека ќе ги осуди и злосторствата на режимот на Кастро.

-Ние знаме дека тоа се случува и знаевме дека тоа се случувало, додаде претседателот на САД.

Нагласи дека сега САД ги држи картите во раце.

-Претходната администрација ги намали рестрикциите за патувањата и трговијата, но тоа не му помогна на народот на Куба, само го обогати кубанскиот режим, потенцираше Трамп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.