Околу 13 часот и 45 минути во Прилеп, на шумскиот пат на местото „Присој“, Е.Б. од Прилеп, управувајќи теренско возило „ФАП“ со прилепски регистарски ознаки, во сопственост на шумарското претпријатие „Маркови кули“, се превртел.
Во незгодата починал неговиот сопатник, 23-годишниот Д.М. од Битола.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола.