Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег, особено претпладне. Повеќе врнежи ќе има во северозападните делови каде локално се очекува да наврнат над 15 л/м2 воден талог. Ќе дува умерен јужен ветер.
Утринската температура ќе се движи од три до осум, а дневната од 10 до 18 степени.
Во четврток времето ќе биде облачно со повремени врнежи од снег, а во крајниот југоисточен дел од дожд. Локално ќе има услови за појава на замрзнат дожд. На повеќе места се очекува да наврнат околу 20 л/м2 воден талог. Во поголем дел од земјава ќе се формира помала снежна покривка, а на планините значително ќе се зголеми.
Постепено затоплување ќе има од недела во текот на денот кога врнежите ќе бидат претежно од дожд.