Евтината тарифа на струјата во сегашниот облик нема да постои. Моделот кој беше воведен во октомври оваа година ќе важи само до крајот на 2018 година, а потоа, како што најави вицепремиерот Анѓушев, дали и во кој термин домаќинствата ќе имаат евтина струја ќе зависи од снабдувачот кој ќе го изберат на слободниот пазар.
Дали ова значи дека пропаѓа во вода уште едно големо предизборно ветување на актуелната влада ?!
Законот за енергетика би требало да биде усвоен до крајот на март 2018 година. Меѓу другото тој предвидува за оние граѓани кои нема сами да изберат снабдувач, струја да обезбедува таканаречен “универзален снабдувач”, компанија која ќе се избира на тендер.
Ф.Г.