Тие ја сокриваат страшната вистина за една од најголемите трагедии во историјата ?!

Нови докази за потонувањето на бродот Титаник од 1912 година, покажуваат дека на истрагата можеби влијание имале масоните.

Тајната архива во која се наоѓаат имиња на два милиони масони за прв пат е јавно објавена на страницата “Ancestry” и открива во колкава мера тие биле вклучени во контроверзната британска истрага за најголемата катастрофа во историјата.

Архивата потврдува дека судијата, обвинителот и сите вклучени во истрагата биле масони. Додека пак истрагата на амерканскиот Сенат покажува дека виновник е британскиот трговски одбор. Имено, според Сенатот, одборот дозволил на бродот да има премалку спасувачки бродови.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.