„Тајна швалерка“ им ги проблематизира браковите на македонските мажи. СМС пораки од испраќач чие име е „СМС Инфо“ и непознат број со чудна содржина пристигнуваат на телефоните на многу мажи низ Македонија.
Содржината е прилично интересна, односно, извесна Ана бара друштво за новогодишната ноќ и остава телефонски број за контакт преку СМС.
Се разбира станува збор за некаква реклама на некоја од агенциите кои нудат т.н. „Hotline“ услуги, но интересно е што оние кои што ја примаат пораката, никогаш немале контакти со вакви агенции ниту пак својот телефонски број го оставиле на некоја од нив.
Се поставува прашањето дали некој ги злоупотребува броевите на граѓаните и што е уште поинтересно како дошол до нив.
Секој оној кој што добива рекламни пораки, без разлика на содржината веројатно низ некаква постапка претходно треба да потврди дека се согласува да биде информиран на овој начин.
Да не зборуваме каков проблем може да направи ако Вашата сопруга случајно ја прочита пораката. Ако се откаже по првата реченица, телефонот може лошо да помине, а богами и неговиот сопственик.