ТУРСКИ ТЕК ЗАПОЧНА СО ИЗГРАДБА: Ќе останат ли Македонците со плински боци, или ќе добиеме природен гас до секое домаќинство?

Руски „Газпром“ вчера ја започна изградбата на морскиот дел од гасоводот „Турски тек“ кој преку дното на Црното море од Русија ќе оди до Турција, соопштуваат од руската енергетска комапанија

cevki_Gasovod

Како што се наведува, почетокот на работите започна четири дена по средбата помеѓу претседателот на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган.

„Денес пристапивме во практична реализација на проектот Турски тек. Проектот ќе се реализира строго по планот, а на крајот на 2019 година нашите турски и европски корисници ќе бидат во можност да ја користат оваа сигурна траса за увоз на руски гас“, рекол претседателот на „Гаспром“ Алексеј Милер.

Работите започнале во близина на брегот на Русија, а се извдуваат од бродот „Аудација“ на компанијата „Олсиз“.

Кога станува збор за поставување на цевки на големи длабочини, работите ќе ги изведува „Пајониринг Спирит“.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.