Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ со едногласна поддршка го изгласа Лука Кржалоски за нов претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната седница.
Лука Кржалоски, Владимир Нелоски и Иванка Василевска се нови членови на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Ова одлука била изгласана на вчерашната седница на Централниот комитет на партијата.
Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ со едногласна поддршка го изгласа Лука Кржалоски за нов претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ. Според Статутот на ВМРО-ДПМНЕ, претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ е член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Наредниот период Кржалоски ќе ја предводи младината на ВМРО-ДПМНЕ.
Досегашниот претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски останува во највисокото партиско тело на партијата. Нелоски беше претседател на УМС цели четири години.
За нов член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, беше изгласана и професорката на правниот факултет Иванка Василевска.