Сугарески на прв тежок тест: законот или ДУИ ?!

Дали е ова правниот систем кој што го заговараа СДСМ и ДУИ. Дали ГОСПОЖАТА Теута Арифи воопшто знае дека постои Закон за градење, врз основа на кој се издава одобрение за градење и се остварува правото за градење на објекти, пишува порталот Пулс24.

teuta-arifi-1

Примерот со новата дивоградба на скијачкиот центар Попова Шапка е само уште еден од низата со кој што се докажува функционирањето на локалната самоуправа и самоволието на градежната мафија во Тетово и тетовско. За  да биде небулозата уште поголема со примерот за оваа дивоградба, е тоа што се дозволува ваквите дивоградби да се градат во скијачкиот центар Попова Шапка, наместо токму овој ски центар најстрого да се заштити, пишува Пулс 24.

Иронијата е  уште поголема што оваа дивоградба најверојатно треба да биде џамија, наместо да се прават наменски објекти за развој на туризмот и да се настојува да се подигне туристичкиот капацитет.

teuta

teuta1

Извор: Пулс24




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.