“Сугарески и Анѓушев, наместо со “замрзнатите” по патишта Еурокомпозитци, на топло состаночат со директорите од Мермер?!”

Наместо на средба со вработените од прилепскиот загубар “Еурокомпозит” кои поминуваат низ најтешка агонија и на минусни температури блокирајќи крстосници и патишта барааат правда и заработен леб, премиерот Заев, министерот Горан Сугарески и вице премиерот Кочо Анѓушев одржуваат средби со директори на топло во канцеларија.

Не дека контактите со бизнисмените не се добра работа, но што со овие околу 260 напатени луѓе кои мака мачат да дојдат до премиерот и да добијат одговор за исплатата на нивните заработени плати.

Парадирањето пред камери со директорите од Мермерен Комбинат АД Прилеп се чини е подобра опција за премиерот од соочувањето со премрзнатите Еурокомпозитци.

Синдикалната организација од оваа компанија побара итна средба со Заев и разрешување на состојбата во компанијата, инаку посочија дека штрајкот го продолжуваат пред Владата.

Со нивната состојба се чини се солидаризираат сите сограѓани, гледајќи ги секој ден како го бараат чесно заработениот леб, освен премиерот.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.