Страшна глетка ги вознемири граѓаните и возачите во центарот на Прилеп.
Возило марка “Опел” некаде околу 12 часот се запали пред пред “Реклами”.
За сега не се познати причините поради кои дошло до опожарување на возилото, кое било во движење.
Интервенција извршија од Територијалната противпожарна единица, при што беше спречено поголема штета.