Американските здравствени истражувачи ја истражуваат големата епидемија ешерихија коли и ја поврзуваат со зелената салата, од која се разболеле дури 98 лица во 22 сојузни држави.
Од Центарот за контрола и превентива е соопштено дека во петокот се забележани 14 нови случаи на зараза, известува Би-Би-Си.
Вупно 46 лица се хоспитализирани.
Од Центарот велат дека епидемијата е поврзана со земјодеслкото подрачје во Јуми, Аризона, па советуваат потрошувачите да не јадат и купуваат зелена салата од тоа подрачје.
Истрагата за точната причина за епидемијата сѐ уште е во тек, а истражувачите анализираат десетици фарми.
Засега не е забележан ниту еден смртен случај.