“Столтенберг ниту еднаш не изговори МАКЕДОНИЈА, ама битно кажа дека сите не сакале!?”

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, се обрати пред паратениците во македонскиот Парламент.

Тој рече дека во изминатите години Македонија покажала посветеност кон НАТО интеграциите. Но, дека неопходно е решавање на спорот со името.

Столтенберг исто така го поздрави и Законот за јазиците кој се усвои неодамна, како и Договорот со Бугарија.

Интересно беше тоа што Генералниот секретар на НАТО, ниту еднаш не го употреби зборот Македонија во својот говор, иако говореше повеќе од 10 минути.

За наша среќа ни кажа дека сите не сакаат и ги ценат нашите заложби како држава, нешто што со години како утеха ни го кажуваат кога се во прашање нашите евроатлански интеграции.

Столтенберг се осврна и на решавањето на прашањето со името, проблемот за кој моментално активно се преговара.

“Ја поздравувам волјата на вашата Влада, која е одлучна да се реши ова прашање. Вчерашната средба на преговарачите под покровителство на ОН во Њујорк беше уште еден важен чекор за натамошниот напредок”, додаде тој.

“Ние сакаме да бидете дел од нашето семејство, но има уште работа. Тука пред се, мислам на решение на проблемот со вашето уставно име”, вели тој.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.