Од денеска стапува во сила Законот за амнестија, а од понеделник затворите ќе почнат со дистрибуција на досиејата на осудените лица до судовите.
Законот за амнестија беше донесен на 15-ти јануари, со кој покрај амнестирањето на околу 800 затвореници, се предвидува и намалување на казната за 30 насто на 3.097 осудени лица.
Вчера беа доставени првите стотина барања за амнестија.