Средба на Мицкоски со Претседателот на партијата на Трамп

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во рамките на неговата посета на САД оствари работна вечера со Претседателот на Републиканската Партија Боб Падучик.

Падучик пред стапувањето на оваа функција ја водел кампањата на Доналд Трамп во сојузната држава Охајо која се смета за клучна во неговата победа на Претседателските избори во САД. Претходно тој ја раководел кампањата и на поранешниот Претседател Буш во 2000 и 2004 година.

На средбата се разговараше за понатамошното развивање на стратешките односи на Република Македонија со САД како и поддршката за реформи во Република Мекедонија од страна на Американската администрација.

Падучик нагласил дека Републиканската партија останува посветена на Евроатланската интеграција на Република Македонија.

На средбата се потврди потребата за понатамошна соработка помеѓу Републиканската партија и ВМРО-ДПМНЕ како идеолошки сродни политички партии.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.