Србите му покажаа на Заев како се води држава- за 100 дена Влада, 2.778 нови работни места

Како што пренесува српскиот портал B92, за 100 дена, новата влада на нашиот северен сосед реализирала 7 договори со странски компании кои ќе отворат нови 2.778 работни места.

„Во првите 100 дена од работата на Владата, склучени се 7 нови договори со инвеститорите, вредни 78 милиони евра“, изјави премиерката на Србија, Ана Брнабиќ.

Пред неколку недели, нашиот северен сосед влезе во сериозни преговори и со индијската компанија „ТАФЕ“ која е заинтересирана за оживување на некогашниот гигант ИМТ (индустрија на машини и трактори) кој своевремено преставуваше симбол на индустриското производство на поранешна Југославија. Доколку овие преговори резултираат со договор, тоа ќе значи нова инвестиција од неколку десетици милиони евра. Брнабиќ потенцираше и дека странските инвестиции во Србија, за првите 7 месеци пораснале за 19,9% во однос на минатата година.

Македонија за периодот откако СДСМ е на власт, бележи 0 нови странски директни инвестиции и 0 вработени по овој основ.

Колку за споредба, во изминатите десетина години, владите на ВМРО-ДПМНЕ успеаа да привлечат директни странски инвестиции во висина од над 2.6 милијарди евра, а благодарение на тие странски инвестиции македонскиот извоз од 1.9 милијарди евра се зголеми на над 4 милијарди евра.

Во 2006 година немаше ниту една функционална технолошко индустриска развојна зона. ВМРО-ДПМНЕ отпочна проект за развој на вкупно 14, од кои сега се 8 целосно функционални зони, а останатите 6 во изградба.

Силниот импакт кои го имаа СДИ врз македонската економија е повеќе од очигледен. Потпомогнати од странските инвестиции, владите на ВМРО-ДПМНЕ успеаа да ја намалат стапката на невработеност, од 38% на 22,9%.

Извор: Курир




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.