Според СДС, Втората светска војна траела само 23 дена!!! Борци на НОБ што мислите вие за ова?!

На денешната прес-конференција од месноста “Песјобрдце”, кандидатот за советник од советничката листа на ОО СДСМ Прилеп, Ивона Кузмановиќ, истакна:

“Денес, во очи празникот 11ти октомври, оддаваме почит на сите кои на тој ден 1944 година го започнаа ослободувањето на Прилеп, а го завршија на 3ти ноември истата година”

Според ова обраќање Народноослободителната борба во Македонија траела само 23 дена, и во само 23 дена Прилеп бил ослободен. Навистина Прилеп е град херој и дал многу жртви во оваа борба, но ваквото незнаење претставува непочитување и деградирање на делото на стотици паднати борци за време на целата борба, која патем започнала на 11 Октомври, но 3 години порано.

Ваквото излагање со сигурност ќе ги погоди, како илјадници куршуми и борците од Прилеп, кои и ден денеска во овие денови кога се сеќаваме на нивното дело, сведочат за настаните кога пукнала првата пушка и кога револуцијата започнала да се шири низ целата држава.

Срамота е за млади луѓе кои претендираат да станат лидери во средината во која живеат и партијата чии членови се, да покажат олку големо незнаење.

Од општинскиот огранок на СДСМ Прилеп стигна и известување за овој блам на нивните млади членови, во кое меѓудругото се вели и дека:

“Направениот лапсус при давањето на изјавата од партизанското споменобележје, е плод на нашата огромна желба да ја искажеме неизмерната благодарност и почит кон сите оние кои во Револуцијата ги вградиле своите животи”.

Остваме да процените самите….

 

А/Г/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.