Со многу труд и желба, Тризла стана нормално место за живеење?!

Општина Прилеп предводена од Марјан Ристески во 12 години секогаш го покажуваше заедничкото уважување на сожителството кон рoмската националност, особено кон граѓаните кои живеат во Урбаната заедница „Тризла“. Почитта кон различните култури, традиции и обреди беше карактеристична за ова поднебје, каде децениии наназад се уважувале и почитувале разликите, а така треба да остане и понатаму.

Во УЗ „Тризла“ во изминатите 12 години се има инвестирано во патната инфраструктура, канализацијата, тротоари, нова спортска сала, терени со вештачка трева, реконструкција на ООУ „Добре Јованоски“, инвестиции во градинката „Тризла“, а во моментов сеуште во доизградба е новиот верски објект Џамијата, каде сите припадници од муслиманска веросисповед своите верски обреди поврзани со празниците ги одржуваат овде.

Еве што локалната самоуправа на чело со Ристески инвестираше како проекти во оваа населба:

Беше изградена нова спортска сала во ООУ “Добре Јованоски”

Хортикултурно беше уреден на дворот во училиштето

Променет е кровот на училиштето, реновирани се санитарните јазли, променета е дограмата и столаријата, направена е нова фасада и ново игралиште со вештачка трева

Се асфалтираше улицата “Ердован Шабаноски” и беше поставено ново осветлување на истата

Се доуредува новата џамија која го носи името на населбата

Започна да се гради плоштад околу новиот верски објект – џамијата

Општина Прилеп и градоначалникот Марјан Ристески секоја година традиционално го организираа 8-ми Април – Меѓународниот ден на Ромите, каде со низа културни манифестации и со кревање на јарболот во чест на празникот се одбележуваше овој ден.

Претходниот градоначалник никогаш не ги забораваше најмалите од оваа населба и редовно им делеше пакетчиња пред Новогодишните празници

Се изгради нов парк во оваа населба

Нова инфраструктура добија краците од улиците „Дравска“ и „Богомилска„

Се реализираше и проектот “Инклузија на деца Роми во јавни предучилишни установи (детски градинки)

Преку проектот беа поддржани деца кои имаат можност, бесплатно, да бидат вклучени во детските градинки.

Главната цел беше подобрување и поддршка на интеграцијата на децата Роми преку зголемување на нивниот број во предучилишните установи, а исто така, се настојуваше да се подобри ставот на родителите на опфатените ромски деца, преку јакнење и поддршка на развојот и образованието на ромските деца.

Втор проект кој се реализираше беше проектот „Ромски информативни центри” кој започна да се имплементира од јануари 2007 година и до сега во рамките на истиот отворени се и функционираат 12 Ромски информативни центри во Прилеп.

И додека сега на Ромите им се ветуваат “брда и долини”, 12 години претходно напорно се инвестираше, па животот на граѓаните значително се подобри.

 

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.