Софија Кјапалоне (5) од Амрика е родена со тешко срцево заболување поради кое до крајот на животот ќе мора да оди на операции на срцето. Веќе три пати е оперирана, а пред четвртата операција имала една желба која за некои била бизарна, а некои ги расплакала. Меѓутоа, нејзините родители се одлучиле да и ја исполнат.
Всушност, кога и била утврдена дијагнозата, докторите се сомневале дека нема да живее подолго од две години, но ова силно девојче докажало дека има желба за живот.
Пред четвртата операција Софија посакала да се омажи со својот другар Хантер (6), нешто што родителите и го дозволиле.
Со мајката на момчето организирале свадбено фотографирање во венчаница и свечено одело.
Софија е по болници откако се родила, но ниту нејзината мајка, ниту нејзиниот татко никогаш не се предале. Докторите сметаат дека боледува од Ди Џорџов синдром, пореметување на хромозомите.
Погледнете го видеото од нивната венчавка:
А/Г/