“Сообраќаен хаос за Велигден! И за семафорите нема живот, се’ замре во Прилеп?!” (ФОТО)

Во пресрет на големиот христијански празник Велигден, денови кога Прилеп е преполн со луѓе и со возила, не работат семафорите во градот.

На раскрсницата кај мостот “Taбана” која е една од најпрометните во градот и каде и да не постои период од денот кога не поминуваат голем број возила, се случуваше вистински хаос.

Возила и пешаци на сите страни, а општинските власти ги боли уво дека сето тоа е ризично по животот и безбедноста на граѓаните.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.